УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ УЧЕСТВУВАА НА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА СВЕЧЕНО МЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ

Учениците од второ одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“ по повод церемонијата на свечено менување на државното знаме беа во посета на вилата на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Со македонски знаменца во рака дечињата го поздравија чинот на менување на државното знаме и притоа научија за важноста од почитувањето на државните симболи.

            На покана од претседателот Иванов, по свечената церемонија дечињата беа гости во неговата Резиденција.

 

17.10.2016

Општина Аеродром