„СРНИЧКИТЕ“ ПАЗАРУВАА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Децата од градинката „Срничка“ во рамки на темата „Родителите и децата пазаруваат умно!“ деновиве беа во посета на пазар и препознаваа различни групи храна, идентификуваа овошје и зеленчук како здрав оброк, ја класифицираа храната како здрава и помалку здрава и раскажуваа за  семејните практики во исхраната.

Децата сакаат здрава храна кога таа им е достапна на привлечен и забавен начин и поради тоа пристапот со кој им ја нудиме здравата храна на децата е многу важен, како и самата едукација од најмала возраст, велат од градинката „Срничка“.

 

27.10.2016

Општина Аеродром