ЈАВНАТА АНКЕТА ЗА ДУП И 10 ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ И ЗА „ДЕНОТ НА ДРВОТО“

Јавната анкета за предлог Деталниот урбанистички план за градската четврт И 10, што се спроведува во просториите на урбаната заедница „Острово“, продолжува и утре, 30-ти ноември (среда), иако е неработен ден поради традиционалната манифестација „Ден на дрвото“.

Јавната анкета и утре ќе се одржи во вообичаениот термин од 9:30 до 17:30 часот.

Инаку, јавната анкета за овој ДУП почна на 18-ти ноември и ќе трае до 1-ви декември.

 

29.11.2016

Општина Аеродром