ДОДЕЛЕНИ 100 РЕШЕНИЈА ЗА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на 10.2.2017 додели околу 100 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња.

Исто така, Општина Аеродром ги потсетува семејствата кои добиле принова минатата 2016 година, дека рокот за доделување еднократна парична помош за новороденчето истекува на 31 март 2017 година.

Еднократната парична помош се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата во Општина Аеродром со уредно приложена документација, која ќе го потврди раѓањето на новиот член во семејството и живеалиштето на подрачјето на Општина Аеродром.

 

13.2.2017

Општина Аеродром