Прославен 12-от роденден на Општината

АЕРОДРОМ Е УСПЕШНА ПРИКАЗНА И ОПШТИНА БРОЈ ЕДЕН

 Вчера, 12.4.2017 година, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче Општина Аеродром го прослави 12-от роденден во присуство на најблиските соработници и пријатели на општината.

Градоначалникот Коневски рече дека Аеродром е успешна приказна, ако се земе предвид фактот дека Општината последниве неколку години доживеа голем развој во поглед на инфраструктурата и на условите за живот за граѓаните, кое особено се однесува за младите, за кои се вложува многу енергија, но пред сè финансиски средства за да се подобрат условите за одвивање на воспитно-образовниот процес и за спортување.

Исто така, градоначалникот Коневски порача дека економскиот развој на Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со несмалено темпо, а со тоа и инвестициите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот. На крајот тој им се заблагодари на соработниците, без кои, како што рече Општината немаше да биде толку успешна.

„Аеродром е една од најмладите општини во земјава, но горди сме што со голем труд и голема посветеност, успеавме да се искачиме на врвот меѓу најуспешните и да станеме општина број еден во Македонија“, изјави тој. 

 

13.4.2017

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео