ПОКАНА за проследување настан на УНИЦЕФ со поставување балон во дворот на ОУ „Лазо Ангеловски“

На 8.5.2017 година (понеделник), во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче со почеток од 08:00 часот ќе се одржи отворање балон, настан што УНИЦЕФ го поддржува за промовирање на правата на децата.

               Притоа, неколку деца и наставнички ќе имаат можност да влезат во балонот и да се фотографираат, секако со претходен договор. Исто така, децата ќе имаат можност да испратат пораки до свои непознати другарчиња од другите земји опфатени со проектот.

               Станува збор за проектот „Летаме високо за децата“, кој е почнат во 2013 година и има за цел да посети над 100 земји во светот за да ги промовира правата на децата во целиот свет, да се вклучат во културна размена и разбирање преку размена на разгледници со пораки од деца, како и да им донесе радост на оние што ги посетува - особено на оние деца кои никогаш не виделе летачки балон. 

               Повеќе информации  околу проектот може да се видат на веб-страницата http://flyinghighforkids.com/.

               Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

               5.5.2017

            Општина Аеродром