„БУБАМАРИТЕ“ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА СЕМЕЈСТВОТО

Вчера, 15.5.2017 година, детската градинка „Буба Мара“ со хепенинзи во сите објекти го одбележа својот патронат, денот на семејството и денот на климатските промени.

Во акцијата учествуваа сите дечиња, вработени и многу родители. Семејствата и детската градинка работат во партнерство за да го поддржат раното учење кај децата. Позитивните врски со децата, семејствата и детската градинка се суштински за постигнување позитивни резултати во раниот детски развој.

 

16.5.2017

Општина Аеродром