„БУБАМАРИТЕ“ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА УЧИЛИШТЕ

Неколкудневна работилница за подготовка на дечињата за училиште се одржа неодамна во детската градинка „Буба Мара“ во рамки на советувалиштето за деца и родители „Мал свет, големи срца“.

            Работилницата, која се одвиваше во неколку фази, ја водеа стручен тим и воспитниот кадар на градинката.

            Децата прво разговараа со својот воспитувач околу подготовките за стартот во училиште. Потоа тие ги посетија најблиските основни училишта, каде што низ разговор и песнички ги воочуваа разликите градинка - училиште. Во рамки на работилницата беше организиран и квиз на знаење „Покажи се - докажи се“, во кои се проверуваа досегашните знаења на дечињата, а на крајот, родителите добија флаери за подготовка на новите ученици.

            Целта на работилницата е да им се доближи поимот и значењето на институцијата училиште.

            Со посетата на најблиското училиште и со запознавање на дел од персоналот кај децата се воспоставува емоционална стабилност, самодоверба и спонтаност.

            Во квизот на знаење кај децата се поттикна вербално изразување, чувство на сигурност, асоцијативно мислење. Децата учествуваа во вежби за концетрација и внимание, визуелна перцепција, меморија, основни математички поими, препознавање букви и бројки и усвојуваа правила на однесување. На овој начин кај децата се поттикна и тимската работа и се разви натпреварувачкиот дух.

 

            19.5.2017

            Општина Аеродром