Нови проекти за развивање на спортот во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин потпиша меморандум за соработка со директорот на Центарот за едукација и менаџмент во спортот – Скопје, Бојан Захариев.

Соработката се однесува на едукација на млади спортисти од општината во соработка со факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и соработка со Агенцијата за спорт и млади на РМ во делот на унапредување на училишниот и масовниот спорт и поддршка на индивидуалните спортови.

Исто така, во рамките на меморандумот за соработка се предвидуваат истражувања на искористеноста и подобрување на инфраструктурата, организација на трибини, меѓународни турнири и активности во насока на подобрување на условите за работа во спортските клубови, како и хуманитарни манифестации од областа на спортот.

Општина Аеродром од оваа година воведува и еднократна финансиска поддршка за талентирани спортисти, со цел да ги поттикне младите да ги реализираат своите амбиции и да придонесе за развивање на спортот во општината.

 

10.1.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео