ВО СРЕДА 7 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 28.2.2018 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 7-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог-Заклучок за усвојување информација од ПС „Аеродром“ за потреба од формирање / ставање во функција на Локален совет за превенција на Општина Аеродром

2.    Предлог-Одлука за определување на претставник на Општина Аеродром во Локалниот совет за превенција на Град Скопје

3.    Предлог - Програма за остварување соработка со здруженија и фондации за 2018 година

4.    Предлог – Програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2018 година

5.    Предлог - Правилник со критериуми за доделување донации и спонзорства

6.    Предлог - Програма за измена и дополнување  на програмата за социјална и детска заштита во Општина Аеродром за 2018 година

7.    Предлог-Одлука за доделување еднократна парична помош на семејството Џонови заради полесно надминување на последиците од претрпена штета предизвикана од пожар

8.    Предлог-Одлука за доделување еднократна парична помош на семејство Алексовски заради полесно надминување на последиците од претрпена штета  предизвикана од пожар

9.    Предлог-Одлука за доделување спонзорство на КУД „Гоце Марковски“ – Долно Лисиче за реализација на детски меѓународен фестивал „Св. Троица“

10.  Предлог-Одлука за  спонзорство на манифестацијата Илинденски Марш

11.  Предлог-Одлука за доделување спонзорство на Национална установа Театар Комедија  - Скопје за реализација на проектот Меѓународен летен фестивал на комедијата „Гола Месечина“ 2018 година

12.  Предлог-Одлука за доделување донација за реализација на програмски активности на Општинскиот противпожарен сојуз Аеродром за 2018 година

13.  Предлог-Одлука за доделување донација на Здружение на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ за вработување  лица кои ќе работат со деца

14.  Предлог-Одлука за давање согласност за потпишување Декларација за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Македонија

15.  Предлог-Одлука за давање согласност за примање на донација - прочистувачи на воздух за дел од објектите на ЈДГОА „СРНИЧКА“ на подрачје на Општина Аеродром

16.  Предлог-Одлука за давање одобрение за користење на името Аеродром од страна на Здружение на граѓани –Фудбалски клуб Аеродром 2018 година

17.  Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за смрт на член на потесно семејство на лица вработени во општински буџетски корисник

18.  Предлог-Одлука за измена на Одлуката за именување командант и членови на Штабот за заштита и спасување за подрачјето на Општина Аеродром

19.  Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Љубен Лапе“ за учебната 2017/2018 година

20.  Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Блаже Конески“ за учебната 2017/2018 година

21.   Предлог-Заклучоок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Александар Македонски“ за учебната 2017/2018 година

22.  Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Лазо Ангеловски“ за учебната 2017/2018 година

23.  Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ за учебната 2017/2018 година

24.  Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“ за учебната 2017/2018 година

25.  Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ за учебната 2017/2018 година

26.  Предлог-Заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Димитар Македонски“ за учебната 2017/2018 година

27.  Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2017 година

28.  Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2017 година

29.  Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2017 година

30.  Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2017 година

31.  Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на социјалната и детската заштита во Општина Аеродром за 2017 година

32.  Предлог-Акциски план за вклучување на јавноста во процесот  на донесување на одлуки во областа на животната средина

33.  Предлог-Акциски план за енергетска ефикасност на Општина Аеродром за периодот 2018 година

34.  Предлог-Одлука за давање согласност за учество на Општина Аеродром во Програмата за рамномерен регионален развој 2018 година и издвојување на 50% од вкупните средства за проект со име „Развој на модерна огревна инфраструктура во ОУ Гоце Делчев,  Долно Лисиче

35.  Предлог - Решение за престанок на мандатот на член на Совет.     

           

            23.2.2018

            Општина Аеродром