„Бубамарите“ го одбележаа денот на градинката и семејството

Денеска детската градинка „Буба Мара“ со хепенинзи во сите објекти го одбележа својот патронат и денот на семејството. На детската улица „Тоше Проески“ со различни ритмички игри и песни учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6-годишна возраст, вработени во градинката, како и многу родители.

Годинава, како дел од одбележувањето на роденденот се одржа и акцијата „Сите на велосипед“, во чии рамки децата од градинките возеа велосипеди на детската улица. Целта на оваа акција беше да се поттикнат децата да возат велосипед, и да се истакне потребата добрите навики да се стекнат за време на раниот детски развој. 

Во таа насока семејствата и детската градинка работат во партнерство за да го поддржат раното учење кај децата. Оваа соработка е неопходна за постигнување позитивни резултати во раниот детски развој, за соодветна подготовка за понатамошниот образовен процес, како и градење основа за идни достигнувања.

 

15.5.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео