Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска оствари средба со професорката по одделенска настава во ООУ„Лазо Ангеловски “, Марија Матеева, која е прогласена за најдобар просветен работник од основно образование на ниво на Град Скопје.
Градоначалникот Марин на средбата ѝ додели пофалница и ѝ посака бројни понатамошни успеси. Професорката Матеева наградата ја доби неодамна од Здружението на просветни работници на Скопје.
Ова признание е мотивација Општина Аеродром заедно со директорите, просветните работници и сите учесници во основното образование, да продолжат со заедничките напори за унапредување на условите во образовниот процес.
Во таа насока, Општината оствари и соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики „Европа за тебе“ Скопје. Со нив ќе се спроведуваат проектни активности и истражувања за развој и промоција на европски образовни, социо-културни и економски политики.
1.6.2018
Општина Аеродром
08-04-24