Заштита од кражби во летниот период во Општина Аеродром

Општина Аеродром денеска пред ТЦ „Капитол Мол“ го промовираше проектот „Заедно до поголема сигурност“, за превенција од имотни деликти и кражби во летниот период, кој се организира во соработка со полициската станица „Аеродром“, СВР Скопје и „Капитол Мол“.

Целта на проектот е да се информираат граѓаните како да се заштитат од кражби, со што ќе се подобри безбедносната состојба на територијата на Општината и Град Скопје. Во рамките на проектот пред  ТЦ „Капитол Мол“ ќе биде поставен информативен пункт на кој полициски службеници ќе делат совети и ќе одговараат прашања од граѓаните. Оттука ќе се дели пропаганден материјал и препораки за спречување кражби во станови, куќи и возила.

Преку едукацијата на граѓаните се подигнува свеста за преземање соодветни мерки за самозаштита од провални кражби. На овој начин се зголемуваат безбедносните мерки и безбедносната култура и се интензивира соработката меѓу граѓаните и полицијата.

 

8.6.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео