300.000 денари за победниците на Турнирот во мал фудбал Скопје 2018

Вчера, 12.6.2018 година, во преполниот Спортски центар „Ново Лисиче“ се одржа финалниот натпревар на седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ меѓу екипите на Маг Логистик - Компанија Атанасовски. Во рамките на настанот, градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин им додели награди на победничките екипи.

На финалниот натпревар со резултат од 3 : 0 првото место и награда од 160.000 денари на турнирот го освои Компанија Атанасовски, а второто место и награда од 80.000 денари му припадна на екипата на Маг Логистик. Третото место, пак, и награда од 40.000 денари освои екипата на ТК Лока Фер Плеј во полуфиналниот натпревар против екипата на Фенербахче  Кичево со резултат 3: 2. 

Финалистите исто така добија пехари, медали, пригодни награди и признанија.  Награди беа доделени за најдобар стрелец на турнирот Игор Стојковски, најдобар голман Едо Пелевиќ, како и најдобар играч Далибор Јовановски.

На Турнирот во мал фудбал Скопје 2018 учествуваа 32 екипи. Турнирот  траеше еден месец и го организираше здружението КБС 2012 под покровителство на Општина Аеродром, која го обезбеди наградниот фонд за победниците.

 

13.6.2018

Општина Аеродром