Уставниот суд ќе расправа за ДУП И10 в среда

В среда, 31.10.2018 година, Уставен суд на Република Македонија ќе расправа за претставките поднесени против ДУП И10. Општина Аеродром ги има доставено сите потребни документи и понатаму ќе постапува согласно со одлуката на судот.

Претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај Мајчин дом. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, на денешната 15-та седница на Советот на Општина Аеродром побараа негова ревизија и мораториум.

Општина Аеродром, како што на неколку наврати најави градоначалникот Златко Марин, веќе работи на интерна ревизија на ДУП И10. Во рамките на овој процес Општината ги прегледа и ги достави до Уставен суд сите потребни документи поврзани со овој случај. Општинската администрација до Советот ќе достави писмен извештај за сработеното.

Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомплицира целата состојба. За сметка на ова, Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината.

 

29.10.2018

Општина Аеродром