Фрлени 40 тони сол ноќеска на улиците во Општина Аеродром

Зимската служба на Општина Аеродром синоќа и во текот на ноќта фрли околу 40 тони сол при расчистувањето на улиците од снежните наноси.

            Се расчистуваа улиците под надлежност на Општината, почнувајќи од Горно и Долно Лисиче, во населбата Лисиче, кај поликлиниката „Јане Сандански“, околу трговскиот центар „Капитол“, „Три бисери“, „Скопјанка“, кај трговскиот центар „Бисер“ и во населбите Мичурин и Острово.       

            Општина Аеродром располага со две сопствени возила за зимско одржување. Исто така, дополнително се ангажирани и сезонските работници за расчистување на тротоарите, автобуските постојки, како и приодите до детските градинки.

            Екипите и во текот на денот ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните.

            Службите на Општина Аеродром и во саботата, кога почнаа снежните врнежи, веднаш излегоа на терен и интензивно работеа на расчистување на снегот од улиците и пешачките патеки во Горно и Долно Лисиче, населбата Лисиче, како и улиците „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓи Капчев“, каде што беа фрлени околу 10 тони сол.

            Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.

            10.1.2019

            Општина Аеродром

          

 

Актуелно

img
img img

Видео