„Кнегињата“ до солзи ги насмеа гледачите на „Гола Месечина“

 На отворената сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ вчеравечер продолжи фестивалот „Гола месечина“ со урнебесната комедија „Кнегињата од Фоли Бержер“, од славниот Жорж Фејдо, во изведба на театарот Народно позориште од Ниш.

Духовитата приказна полна со неверојатни пресврти и неочекувани заплети ја привлече публиката и го наполни спортскиот центар до последното столче. Авантурите на шармантната париска убавица, која со игра на судбината станува кнегиња, но не успева да му одолее на повикот од нејзиниот претходен живот, како и нејзиниот наивен и заслепен сопруг, до солзи ги насмеаја гледачите.

Фестивалот на комедијата вечерва продолжува со комедијата „Мани мани мани“ на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, а утре на програмата е претставата „Забрането смеење“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица. Претставите почнуваат секој ден од 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

 

4.9.2019

Општина Аеродром