Отчет на градоначалникот Златко Марин
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска ја презентира работата од својот двегодишниот мандат.
Почитувани граѓани,
Изминаа две години откако граѓаните на Аеродром ни ја дадоа довербата. Преку транспарентна, чесна и посветена работа заедно со членовите на Советот реализиравме голем број проекти, кои се главни приоритети на жителите на Аеродром, а со цел да обезбедиме подобри услови за живот.
Дел од позначајните реализирани проекти:
- Изградивме нова градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче со што двојно го зголемивме капацитетот на згрижување.
- Изградивме четири нови краци на улицата „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром
- Ги поврзавме улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“ со кружен тек.
- По долги години конечно реконструиран патот Јурумлери – Драчево во Долно Лисиче во соработка со Агенцијата за државни патишта.
- Целосно го осветливме трговскиот центар во населбата Лисиче
- Набавивме и засадивме 5500 нови високостеблести дрвја за кои издвоивме 22 милиони денари
- Доделивме субвенции за печки на пелети, за чистење оџаци, за велосипеди и инвертер-клими
- Подигнавме нови површини со зеленило преку изградба на 4 нови парка и реконструкција на два постојни
- Доделуваме еднократна помош од 3.500 денари за секое прваче и еднократна помош од 5.000 за секое новороденче
- Ги презедовме трошоците за обезбедување на училиштата
- Доделуваме еднократна финансиска поддршка од 10 илјади денари за талентирани млади спортисти
- Им даваме поддршка и инклузија на лицата со попреченост.
Со забрзано темпо ќе работиме и во наредните две години остварувајќи ги предизборните ветувања што ги претставивме пред граѓаните и за кои ја добивме нивната доверба. Општина Аеродром ќе продолжи да се развива во насока на создавање современа, развиена европска општина, со висок стандард на урбано живеење и со подобри услови за сите граѓани.
Повеќе информации на веб-страницата на Општина Аеродром: https://bit.ly/2KqIG5c
15.11.2019 година
Општина Аеродром