Општина Аеродром ја продолжи големата акција за засадување дрвја што почна минатата недела.
Во денешната акција на улицата „Тоше Проески“ и во Реонски центар беа засадени над 150 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, а се вклучија градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, дел од советниците и општинската администрација, учениците и вработените од училиштата „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“ и други граѓани.
Зазеленувањето останува врвен приоритет на Општината како една од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот и збогатување на просторот со нови дрвја. Предвидено е засадување на околу 3 300 садници за што во буџетот за наредната година се предвидени дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници.
Општина Аеродром им се заблагодарува на сите граѓани за својот придонес во зазеленувањето на Општината.
13.12.2019 г.
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.