НОВО „ИЗВОРЧЕ“ ЗА НОВИ ГЕНЕРАЦИИ – ВО ЗАВРШНА ФАЗА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКАТА ВО СТАР АЕРОДРОМ
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во завршната фаза од изградбата на новиот објект „Изворче“ во Стар Аеродром, во рамките на детската градинка „Срничка“.