Општина Аеродром и македонскиот спорт, покрај машкиот тим и младинскиот клуб, добија нов член во фамилијата на МЗТ, а тоа е женскиот кошаркарски клуб МЗТ Скопје – Аеродром.
Директорот на МЗТ Скопје – Аеродром Тони Грнчаров на денешната прес-конференција на која беше промовиран женскиот клуб го истакна значењето на женскиот спорт во Аеродром.
„Може да понудиме одлични услови за тренирање, а воедно живееме во општина во која има многу девојчиња кои со правилна работа во иднина би можеле да прераснат и во репрезентативки“, изјави Грнчаров.
Женскиот клуб е формиран со одлука на Советот на Општина Аеродром во правец на афирмација на родовата рамноправност од што ќе имаат корист сите, а особено спортот во општината.
„Благодарност до Општина Аеродром за разбирањето и одлуката да ни дадат поддршка за развој на кошарката и општо на спортот. Со ваква помош се добива сигурност и стабилност во клубот за развој на неговите цели“, рече поранешната кошаркарка и дологодишен работник во женскиот мак-баскет, Вела Красниќ, која е актуелен тренер на оваа екипа.
27.12.2019
Општина Аеродром
18-07-25
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.