Општина Аеродром формира посебна комисија, која денеска изврши увид на топлиот оброк што почна да се служи од минатата недела во сите основни училишта.
Притоа е констатирано дека храната се служи топла, во чинии од инокс, а учениците се задоволни од нејзиниот вкус и количина.
Комисијата е формирана по големиот број шпекулации што се појавија деновиве во врска со квалитетот на храната.
4.2.2020 г.
Општина Аеродром
17-03-26
Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.