Општина Аеродром и Црвен крст на Кисела Вода организираат крводарителска акција утре, 11.2.2020 година (вторник), од 9:00 до 13:30 часот во просториите на Општината.
Кон акцијата ќе се придружат дел од вработените во Општината, како и градоначалникот Златко Марин, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.
Општината ги поканува сите заинтересирани хумани луѓе и крводарители да се вклучат во акцијата за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот.
Општина Аеродром
10.2.2020
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.