Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со вработените, како и голем број граѓани се приклучија кон денешната крводарителска акција во организација на Црвен крст ‒ Кисела Вода. Акцијата беше спроведена под мотото „Дарувај крв ‒ спаси живот“ што веќе неколку години се организира во просториите на Општина Аеродром.
„Дарувањето крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните“, изјави градоначалникот Марин и им се заблагодари на сите граѓани што даруваа крв и беа дел од оваа хумана акција.
Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи да поддржува крводарителски акции со кои се спасуваат животи, но и се праќа порака за хуманост.
11.2.2020 г.
Општина Аеродром
17-03-26
Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.