Се расчистува дива депонија во Мичурин

Општина Аеродром и Град Скопје ја расчистуваат дивата депонија во населбата Мичурин, која се протега покрај Железничката станица.

Оваа локација, која со години претставуваше запуштена депонија, планирано е да прерасне во парк, кој ќе биде заеднички проект на Општина Аеродром и Град Скопје. Паркот ќе понуди зелени површини, пешачки патеки, партерно уредување, како и детско игралиште.

Ова е еден од неколкуте паркови што планира наскоро да ги изгради Општина Аеродром на повеќе локации. Стар Аеродром ќе добие два нови парка што ќе се протегаат покрај улиците „Методија Шаторов-Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“.

 

15.2.2020

Општина Аеродром