ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

ПРИЈАВА ЗА РАБОТА

 

Општина Аеродром објавува Јавен повик за онлајн работа и достава  на неопходни прехранбени продукти од економски оператори - маркети што работат на територијата на Општина Аеродром, како резултат на последните мерки на Владата поврзани со пандемијата со коронавирусот и воведениот полициски час.

Во прилог е пријавата, која треба да се пополни и да се испрати најдоцна до петок 10.4.2020 година до 12:00 часот на следнава електронска адреса: odnosi.so.javnost@aerodrom.gov.mk.

Се замолуваат економските оператори - маркети заедно со пријавата во прилог да ни испратат и скенирана копија од ДРД-образец.

 

По приемот, добиените пријави од економските оператори ќе бидат разгледани и проследени до Полициска станица – Аеродром и дo Град Скопје.

 

9.4.2020

Општина Аеродром

ПРИЈАВА ЗА ОНЛАЈН-РАБОТА