В петок 40. седница на Советот на Општина Аеродром

 В петок, 29.5.2020 година, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи четириесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за првиот квартал од 2020 година

2.    Предлог-план за измена и дополнување на Планот на програми за развој за периодот 2020-2022 година

3.    Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Аеродром 2020 година

4.    Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2020 година  

5.    Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ф), потпрограма ФА – Уредување градежно  земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2020 година

6.    Предлог-програма за измена и дополна за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2020 година

7.    Предлог-програма за измена и дополна на Програмата за остварување социјална и детска заштита и заштита и спасување на граѓаните во Општина Аеродром во 2020 година

8.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за отпремнина за пензионирање и за смрт на член на потесно семејство на вработени лица  во Општина Аеродром/општински буџетски корисници

9.    Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка - донација на ООУ „Браќа Миладиновци“ за активности околу одбележување на 75 години јубилеј на училиштето

10. Предлог-одлука за доделување еднократна финансиска помош на семејство на ученик од ООУ „Димитар Македонски“

11. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2020/2021 година  на подрачјето на Општина Аеродром

12. Предлог-одлука за именување член на Управен одбор на ЈДГОА Срничка

13. Советнички прашања

  

27.5.2020

Општина Аеродром