Се гради новиот парк во Мичурин

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во градежните активности околу изградбата на новиот парк во населбата Мичурин.

Паркот, кој се протега на површина од 3 573 м2, е проектиран според сите стандарди, со нови зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, место за друштвени игри за најмладите, а ќе биде оставен посебен простор за негување на традицијата при Мичуринските средби.

20.6.2020

Општина Аеродром