Одржан координативен состанок со директорите на основните училишта

 Секретарот на Општина Аеродром, Марица Ѓурческа, и раководителот на Сектор образование, Тане Димовски, одржаа координативен состанок со директорите на основните училишта од Аеродром. Средбата се одржа во дворот на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ според протоколот за заштита од КОВИД-19.

Целта на состанокот беше сумирање на резултатите од завршената учебна година, текот на процесот на упис на првачињата и подготовките за новата учебна 2020/2021 година.

26.6.2020

Општина Аеродром