Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат акција за расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче.
Со цел зачувување на животната средина, Општина Аеродром апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и да не фрлаат отпад на јавни површини и надвор од соодветните места за отпад, во спротивно, следуваат казни согласно со законот.
21.7.2020
Општина Аеродром
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.