Деновиве се поставува нова урбана опрема на повеќе локации низ Аеродром. Во Ново Лисиче старите клупи и канти за отпадоци се заменети со нови, модерно дизајнирани и многу попрактични.
Активностите за уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период и на други локации на целата територија на Општината, со цел подигнување на нивото на хигиената, како и обезбедување почист и поквалитетен живот за граѓаните.
31.7.2020
Општина Аеродром
25-12-25
Општина Аеродром започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со цел заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на граѓаните.