Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, учествуваше на средба со министерката за образование и наука, Мила Царовска, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во врска со почетокот на новата учебна 2020/2021 година според планот на Министерството за образование и наука за воспитно-образовниот процес што го усвои Владата. На средбата се разговараше и за сите прашања поврзани со наставата со физичко присуство, но и за учењето на далечина.
Градоначалникот Златко Марин констатира дека сите основните училишта во Општина Аеродром се подготвени за реорганизирање на наставата и обезбедуваат успешен почеток со цел непречено одвивање на наставниот процес.
4.9.2020
Општина Аеродром
25-12-25
Општина Аеродром започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со цел заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на граѓаните.