Се реконструираат паркиралиштата во населбата Јане Сандански

 „Со задоволство можам да го означам почетокот на реконструкцијата на овој паркинг кој се протега по должината на булеварот Јане Сандански, почнувајќи од ООУ Ѓорѓија Пулевски, па се до раскрсницата со булеварот Србија“, изјави денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Станува збор за едно од најфреквентните места во нашата Општина, а покрај жителите од околните згради, овој паркинг редовно го користат и посетители на трговските центри, кои се наоѓаат во непосредна близина и затоа цениме дека е од голема важност неговото уредување.

Вкупната површина е 36 илјади квадратни метри, а во 4 фази ќе се реконструираат сите паркинзи, како и сервисните улици и тротоарите на овој потег. Потоа во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе ги обележиме паркинг местата и ќе поставиме нова вертикална и хоризонтална сигнализација за целосна безбедност на граѓаните.

Очекуваме реконструкцијата да биде целосно завршена за околу 4 месеци и однапред им благодариме на жителите за нивното разбирање и трпение. Подобрувањето на инфраструктурата е од големо значење за сите нас.

 

5.9.2020

Општина Аеродром