И годинава успешно издание на „Гола месечина“

 

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ заврши во саботата со стендап-настапот на Марјан Ѓорѓиевски, а свечено беа доделени и награди за учество на сите претстави на годинешното ревијално издание. Наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ му беше доделена на доајенот Ѓокица Лукаревски.  

Фестивалот се одржа од 28 септември до 3 октомври според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер во услови на КОВИД-19, поради што изостанаа претставите од соседството, а целосниот фокус беше ставен врз македонската продукција на комедии.

Публиката уживаше во урнебесните комедии „Чао пријатно“, „Партија реми“, „Имотот на агата“, „Првин ќе ме земеш, после ќе ме...“, „Како мене Пјаф“ (кабаре) и во стендап-настапот на актерот Марјан Ѓорѓиевски. Сите вечери беа исполнети со многу смеа и позитивна енергија од верната публика на фестивалот, која годинава беспрекорно ги почитуваше сите поставени стандарди и протоколи. Фестивалот и годинава беше во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“.

5.10.2020

Општина Аеродром