О Г Л А С за издавање под закуп на училишен простор

 

Врз основа на член 7 од Правилникот за постапката, начинот и условите за давање на користење на училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина  Аеродром бр.09-61/3 од 10.02.2020 година, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје објавува

О Г Л А С

за издавање под закуп на училишен простор – ФИСКУЛТУРНА САЛА во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје

1.ЗАКУПОДАВЕЦ:

                ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје, со седиште на бул.„Јане Сандански“ бр.27 А, 1000 Скопје телефон : +389 2 2 444-415

2.ПОНУДУВАЧ :

                Право да поднесе барање за закуп на наведената недвижност има секое заинтересирано домашно и странско физичко и правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот за закуп.

3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

                Фискултурна сала во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од    396,2 м2 со 2 гардероби и тоалет.

               

                Закуподавецот го издава просторот по пат на прибирање на писмени понуди.

                Понудувачот треба да ја подигне и достави документацијата во рок од 8 дена од објавувањето на огласот.

                Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.

                Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик – бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика, џит – кун до, ракомет и мечување.

                Документацијата во која подетално е наведена недвижноста која што е предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да ги подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој ден од 09:00 до 13:00 часот во просториите на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје – архива.

                Понудата која што нема да биде доставена на документација потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

                Пристигнатите понуди ќе се отвараат без присуство на понудувачите, поради заштита и превенција од вирусот Ковид – 19.

                                Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

 

 

 

                                                                                                ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје

                                                                                              Комисија за издавање на училшен простор под закуп