Градоначалникот Марин во посета на градинката „Срничка“

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска ја посети градинката „Срничка“ каде што од директорката на градинката Александра Јелиќ  беше информиран за одвивањето на воспитно-згрижувачкиот процес во услови на пандемија. Во градинката вкупно се запишани 774 деца, а моментално се згрижени 438, меѓу кои нема сомнителни на КОВИД-19.

„Се радувам што се почитуваат и се спроведуваат сите здравствени протоколи за прием и згрижување на деца. Многу е важно да се почитуваат мерките за заштита и да се зачува јавното здравје“, изјави градоначалникот Златко Марин.

 

13.10.2020

Општина Аеродром