Општина Аеродром деновиве ја привршува реконструкцијата на веќе постојните, како и изградбата на новите пешачки патеки во непосредна близина на улицата „Коста Новаковиќ“ во Стар Аеродром.
Станува збор за патеки што се наоѓаат меѓу зградите на улица „Коста Новаковиќ, со површина од 3 500 квадратни метри, со павер-елементи во боја и со нови рабници.
Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и изградба на целосно нови пешачки патеки на ниво на целата територија.
16.10.2020
Општина Аеродром
10-12-25
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција и уредување на првиот мултифункционален центар во Ново Лисиче.