ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за проектна соработка со здруженија на граѓани и фондации

 

О П Ш Т И Н А    А Е Р О Д Р О М

 Врз основа на Одлуката на Советот на Општина Аеродром за усвојување Иницијатива за изготвување стратегиска програма (Платформа за ЛЕР - Локален економски развој), Општина Аеродром објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за изразување интерес за проектна соработка

со здруженија на граѓани и фондации

 

Општина Аеродром заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, ги повикува здруженијата на граѓани и фондациите во Република Северна Македонија, а особено оние што имаат седиште и дејствуваат на територијата на Општина Аеродром, да изразат интерес за соработка.

Програмски (проектни) цели за потенцијална соработка:

1.     Промовирање на европските вредности во процесот на пристапување кон Европската Унија  преку транспарентност и зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор.

2.     Унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност.

3.     Владеење на правото и унапредување на правната држава.

4.     Социјално претприемаштво и креирање политики за забрзан локален (урбан и рурален) економски развој.

5.     Унапредување на родовата еднаквост во сите области од општественото живеење и вклучување на родовата перспектива во креирањето на политиките и буџетите.

6.     Воведување на концептот на еднаквост и недискриминација во сите области од општественото живеење.

7.     Унапредување на човековите права и создавање институционални капацитети за нивна ефикасна заштита.

8.     Зголемување на јавната свест и едукација на населението од областа на животната средина и реализација на кампањи од областа на заштитата на животната средина.

9.     Младински локални политики во функција на интегрирањето со европското законодавство.

10.  Градење мултикултурно, унитарно и толерантно општество на сите што живеат во Република Северна Македонија.

        

Начин на пријавување на Јавниот повик - документација што треба да се достави:

1. Формулар за пријава (може да се подигне од општината или да се симне од интернет-страницата на општината www.aerodrom.gov.mk).

 

Пријавата да се достави во затворен плик до Сектор за работи на градоначалникот, со назнака „Јавен повик за изразување интерес за проектна соработка со здруженија на граѓани и фондации“

 

Јавниот повик трае 10 дена, заклучно со 10 ноември 2020 година.

Ненавремени и некомплетни пријави нема да бидат предмет на разгледување.