В петок 46. седница на Советот на Општина Аеродром

 В петок, 13.11.2020 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 46. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:            

1.    Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Аеродром за третиот квартал од 2020 година.

2.  Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата (РЕБАЛАНС) во буџетот на Општина Аеродром за 2020 година со амандман.

3.    Предлог-план на програми за развој на Општина Аеродром за периодот од 2021 до 2023 година.

4.    Предлог-програма за измена на Програма (Ј) комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2020 година.

5.    Предлог-програма за измена на потпрограма (ФА) уредување градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2020 година.

6.    Предлог-програма за измена на програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Аеродром за 2020 година

7. Предлог-програма за измена и дополна на Програмата за јавни работи на територија на Општина Aеродром за периодот 2020 година.

8. Предлог-одлука за измена на одлуката за задолжување на раководителот на Одделението за комунални работи на Општина Аеродром за преземање активности со цел регулирање договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во Општина Аеродром.

9.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за отпремнина за пензионирање вработени лица  во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци.

10. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2020 година.

11.  Предлог-програма за измена на Програмата за поддршка на спортот во Општина Аеродром за 2020 годинa.

12. Предлог-програма за измена на Програмата за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2020 година

13.  Предлог-програма за измена на Програмата за социјална и детска заштита и заштита и спасување во Општина Аеродром за 2020 година.

14.  Предлог-одлука за давање согласност на Договор за трајно користење на движни ствари меѓу ОА и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид.

15.  Советнички прашања

 

9.11.2020

Општина Аеродром