Општина Аеродром со цел да овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанскиот сектор во креирањето на буџетот за 2021 година, објави анкетен прашалник на кој граѓаните ќе можат да ги дадат своите мислења, предлози и идеи од јавен интерес и од различни сфери во надлежност на локалната самоуправа.
Дадените одговори на граѓаните ќе бидат разгледани и анализирани од соодветните служби во општината, според кои ќе се креира буџетот за 2021 година.
Прашалникот е објавен на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: Анкетен прашалник, а ќе трае до 23 ноември.
Општина Аеродром како отворена, услужна и транспарентна општина ги повикува граѓаните да го пополнат прашалникот и да се вклучат во подготвувањето на буџетот, кој е во нивни интерес.
12.11.2020
Општина Аеродром
18-07-25
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.