Деновиве се обележува нова хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците во населбата Лисиче во Општина Аеродром.
Сигнализацијата ги опфаќа споредните улици, каде што се поставуваат и нови знаци, а целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Општина Аеродром неодамна постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација со која се воведе еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово во правец кон Железничката станица.
Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот што е еден од приоритетите на Општина Аеродром.
12.11.2020
Општина Аеродром
23-12-25
Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно.