Успешно спроведена акцијата за чистење на дел од Аеродром

 Денеска комуналните служби на Општина Аеродром заедно со целокупната расположлива механизација успешно ја спроведоа акцијата за чистење на реоните населба Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар и булевар „Февруарски поход“.

Во акцијата се расчисти значителна количина комунален отпад и смет од јавните површини, дивите депонии, а се изврши и метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите.

Во новиот оперативен план за чистење на општината се вклучија и новите машини за чистење, како дел од новата реорганизација на комуналната служба.

„Наша должност е сите да се грижиме за животната средина и да изградиме повисока еколошка свест за почиста и поздрава околина. За чист и зелен Аеродром“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Акциите за чистење на другите реони на Аеродром продолжува во наредниот период.

21.11.2020

Општина Аеродром