В среда 48. седница на Советот на Општина Аеродром

 

В среда, 30.12.2020 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 48. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:   

1.    Предлог-буџет на Општина Аеродром за 2021 година

2.    Предлог-одлука за извршување на буџетот на Општина Аеродром за 2021 година

3.    Предлог-буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на буџетот на општината за 2022 година

4.    Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за основните училишта на територија на Општина Аеродром

5.    Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за детските градинки на територија на Општина Аеродром

6.    Предлог-програма за работа на Одделението за инспекциски работи на ОА за 2021 година

7.    Предлог-програма за активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2021 година

8.    Предлог-програма за поддршка на спортот во Општина Аеродром за 2021 година

9.    Предлог-програма за планирани активности од областа на образованието во ОА за 2021 година  

10.  Предлог-програма за остварување социјална и детска заштита и заштита и спасување во ОА за 2021 година

11.  Предлог- програма за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2021 година

12.  Предлог-програма Р – Заштита на животната средина и природа на подрачјето на ОА за 2021 година

13.  Предлог-програма Ј - Комунални дејности на подрачјето на ОА за 2021 година

14.  Предлог-програма Ф (Ф1, Ф2,) – Урбанистичко планирање и уредување на подрачјето на ОА за 2021 година

15.  Предлог-програма за зимско одржување на подрачјето на Општина Аеродром за 2021 година

16.  Предлог-програма за јавни работи  на Општина Аеродром за 2021 година

17.  Предлог-програма за остварување соработка со здруженија и фонадации за 2021 година

18.  Предлог-програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2021 година

19.  Предлог-програма за активности на Општина Аеродром во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Аеродром за 2021 година

20.  Предлог-одлука за задолжување на раководителот на Одделението за комунални работи на Општина Аеродром за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во Општина Аеродром

21.  Предлог-одлука за именување член на управниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, претставник на основачот

22.  Предлог-одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на објект на ООУ „Лазо Ангеловски“, на територија на Општина Аеродром

23.  Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Аеродром  во 2021 година

24.  Предлог–правилник за категоризација на спортски објекти на територија на Општина Аеродром

25.  Предлог-одлука за исплата на парична помош врз основа на пристигнати барања  за отпремнина за пензионирање на вработени лица во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци

26.  Предлог-одлука за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2021 година

27.  Предлог-заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром, за период од 30.06.2020 година до 29.10.2020 годинa

28.  Предлог-одлука за измена и дополнување на Деловникот за работа на Советот на ОА

29.  Советнички прашања

 

 25.12.2020

 Општина Аеродром