ЈАВЕН ПОВИК за конкретна проектна соработка со здруженија на граѓани и фондации

 

О П Ш Т И Н А  А Е Р О Д Р О М

согласно со иницијативата за изготвување стратегиска програма (Платформа за ЛЕР - Локален економски развој),а во рамките на одобрените средства во буџетот за 2021 година, Општина Аеродром објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за конкретна проектна соработка

со здруженија на граѓани и фондации

 

Општина Аеродром заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, ги повикува здруженијата на граѓани и фондациите во Република Северна Македонија, а особено оние што во изминатиот период искажаа соодветен интерес за соработка со општината, да поднесат конкретен предлог-проект за реализација во текот на 2021 година.

Програмски (проектни) цели за потенцијална соработка:

1.     Промовирање на европските вредности во процесот на пристапување кон Европската Унија  преку транспарентност и зајакнување на соработкатасо граѓанскиот сектор.

2.     Унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност.

3.     Владеење на правото и унапредување на правната држава.

4.     Социјално претприемаштво и креирање политики за забрзан локален (урбан и рурален) економски развој.

5.     Унапредување на родовата еднаквост во сите области од општественото живеење и вклучување на родовата перспектива во креирањето на политиките и буџетите.

6.     Воведување на концептот на еднаквост и недискриминација во сите области од општественото живеење.

7.     Унапредување на човековите права и создавање институционални капацитети за нивна ефикасна заштита.

8.     Зголемување на јавната свест и едукација на населението од областа на животната средина и реализација на кампањи од областа на заштитата на животната средина.

9.     Младински локални политики во функција на интегрирањето со европското законодавство.

10.  Градење мултикултурно, унитарно и толерантно општество на сите што живеат во Република Северна Македонија.

        

Начин на пријавување на Јавниот повик - документација што треба да се достави:

1. Формулар за пријава (може да се подигне од општината или да се симне од интернет-страницата на општината www.aerodrom.gov.mk), ДРД образец и конкретен предлог-проект (во слободнанестандардна рамка).

 

Пријавата да се достави во затворен плик до Секторот за работи на градоначалникот, со назнака „Јавен повик за конкретна проектна соработка со здруженија на граѓани и фондации“

 

Јавниот повик трае 10 работни дена, заклучно со 8февруари 2021 година.

Grb Transparenten za prezentacijaНенавремени и некомплетни пријави нема да бидат предмет на разгледување.