Поставен камен-темелник на вториот блок од училиштето „Димитар Македонски“

 

Со поставувањето на камен-темелникот на вториот блок се интензивираа градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.

Според предвидениот рок се очекува објектот да биде пуштен во употреба оваа година.

„Изградбата на новиот објект е од витално значење за учениците од овој дел на општината“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и посочи дека населбата Лисиче ќе добие современо основно училиште.

Инаку, новото училиште е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.

4.3.2021

Општина Аеродром