Вандалски е уништена фонтаната „Печурка“ што се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а која деновиве е во фаза на реконструкција. Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки на фонтаната и нанеле штета во висина од 33 000 денари, а случајот веднаш е пријавен в полиција.
Општина Аеродром го осудува вандалскиот чин и апелира до граѓаните да не ги оштетуваат јавните површини.
Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните низ парковите за нивно пуштање во функција. Се отстрануваат оштетените плочки и други дотраени делови од фонтаните и се заменуваат со нови, а се поставува и нова хидроизолација.
1.4.2021
Општина Аеродром
18-07-25
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.