В среда 52. седница на Советот на Општина Аеродром

 В среда, 7.4.2021 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 52. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки: 

1.    Предлог-програма за енергетска ефикасност на Општина Аеродром за периодот од 2021 до 2023  година.

2.    Предлог-акциски план за енергетска ефикасност на Општина Аеродром за 2021 година.

3.    Предлог-одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на објект „Црвенкапа“ на ЈДГОА „Срничка“, на територија на Општина Аеродром.

4.    Предлог-заклучок за усвојување информација од Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови за почнување постапка за донесување измена и дополнување на ДУП за градска четврт И1 блок 11.13.

5.    Предлог-заклучок за усвојување информација од Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови за почнување на постапка за донесување измена и дополнување на ДУП за градска четврт И1 блок 11.12.

6.    Предлог-заклучок за усвојување информација од Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови за почнување постапка за донесување ДУП за градска четврт ЈИ05 блок 05.01 и  блок 05.02.

7.    Предлог-заклучок за усвојување информација од Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови за одобрување на урбанистички проект за инфраструктура за изградба на сервисна улица С1 од урбанистички план за четврт И17, Скопје, Општина Аеродром.

8.    Предлог-одлука за давање согласност на Анекс на Договорот за закуп на деловен простор.

9.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за опремнина за пензионирање на вработени лица  во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци.

10. Предлог-oдлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром  и Град Скопје за уредување на јавни површини со поставување елементи од урбана опрема за спорт и рекреација на подрачјето на Општина Аеродром.

11. Предлог-oдлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром  и Град Скопје за имплементирање систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град - Смарт сити на подрачјето на Општина Аеродром.

12. Предлог-одлука за именување член  во Училишниот одбор на ООУ Љубен Лапе“, претставнк на основачот.

13. Предлог-одлука за доделување спонзорство на клуб Прокик - Фемили Скопје за реализација на програмски активности во 2021 година.

14. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Национална установа Театар комедија  - Скопје за реализација на проектот Меѓународен летен фестивал на комедијата „Гола месечина“.

15. Предлог-одлука доделување финансиска поддршка - спонзорство на Ансамбл за народни игри и песни „Фолклорни бисери“.

16. Предлог-одлука за измена на Одлуката за доделување финансиска поддршка - донација на ООУ „Браќа Миладиновци“ за активности околу одбележување 75 години јубилеј на училиштето број 09-164/5 од 01 јуни 2020 година.

17. Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – спонзорство за организирање на меморијален кошаркарски турнур Драган Василов-Цевка на Здружението на граѓани Кошаркарски клуб „Некст Старс Аеродром“.

18. Предлог-одлука за доделување на финансиска поддршка - донација на Општински сојуз на училиштен спорт – Аеродром.

19. Предлог-одлука за збратимување на Општина Аеродром-  Скопје – Република Северна Македонија и Општина Палилула – Ниш, Република Србија

20. Советнички прашања.

 

2.4.2021

Општина Аеродром