Засадени брези во Аеродром

 Општина Аеродром и Дирекцијата за заштита и спасување денеска спроведоа заедничка акција на засадување дрвја во рамките на кампањата „Недела на Дирекцијата за заштита и спасување“, а по повод 16-тиот роденден на Дирекцијата.

На оваа активност се вклучи претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, како и вработени во Дирекцијата.

„Зазеленувањето на просторот е долгорочна мерка за зачувување на животната средина, а целта е да се подигне свеста меѓу граѓаните за последиците од аерозагадувањето“, изјави претседателката на Советот, Ивана Цветковска.

Засадувањето се одвива на три локации, во кругот на Дирекцијата, просторот кај кружниот тек во близина на поликлиниката „Јане Сандански“ и во Ново Лисиче, на булевар АСНОМ.

 

6.5.2021

Општина Аеродром