Советот на Општина Аеродром на неодамнешната 55-та седница го изгласа ребалансот на буџетот за 2021 година, со кој се пренаменија средства за проекти од интерес на граѓаните на Аеродром.
Имено, и оваа година, во насока на заштита на животната средина, за жителите на Аеродром се обезбедени средства за субвенции за велосипеди. Исто така, Општината ќе доделува еднократна парична награда за најдобар ученик на генерацијата од секое основно училиште во Општина Аеродром за учебната 2020/2021 година.
Преку ребалансот се издвоени средства за уредување на просторот зад ТЦ „Бисер“, кој ќе прерасне во современ сквер со повеќе содржини. Исто така, овозможени се и средства за изградба на управна општинска зграда, за која неодамна беше избрано идејно решение.
21.5.2021
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.