Објектите на градинката „Срничка“ во Аеродром добиваат енергетски ефикасна фасада

 Деновиве во објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ во Аеродром се изведуваат активности со кои се врши надворешна реконструкција на објектот, односно се обновува фасадата, која ги задоволува сите стандарди на енергетска ефикасност.

Во објектите на градинката минатото лето беа извршени повеќе зафати, од поставување ламинат, молерисување, менување на електриката, реновирање на тоалетите, хортикултурно уредување на дворовите, внатрешно разубавување на просторот и сл., а беше извршена и целосна дезинфекција и дератизација на објектите.

„Наш приоритет како општина е да обезбедиме подобри и попријатни услови за престој на децата во градинките. Со овие зафати, објектите во Аеродром со право го носат епитетот на современи функционални градинки“, изјави градоначалникот Златко Марин.

 

22.5.2021

Општина Аеродром